На 22.02.2026 во 18:10 часот во ОВР Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода З.С.(59) од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава од неговата 50-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет.
На 23.02.2026 во 02:20 часот во ОВР Прилеп, Н.С.(19) од Прилеп пријавила дека околу 01:30 часот на ул.„Марксова” во Прилеп била физички нападната од А.М. од Прилеп.
Истиот ден во 03:30 часот во ОВР Прилеп, Б.Р.(19) пријави дека околу 01:00 часот на излез од угостителски објект бил физички нападнат од Д.С. од Прилеп, кој употребил и стаклен предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на настаните и по целосно документрање ќе следат соодветни пријави.