Фридом хаус: Македонија останува „делумно слободна“ земја – со многу корупција и притисоци кон новинари и активисти

Македонија и годинава останува „делумно слободна“ земја според нивото на граѓански слободи и политички права, покажува последниот извештај на „Фридом хаус“. Исто како лани, Македонија има индекс на слобода кој изнесува 67 од највисоката можна вредност од 100.

Во извештајот се наведува дека земјата „продолжува да се бори со корупцијата, и додека медиумите и граѓанското општество учествуваат во енергичен јавен дискурс, новинари и активисти се соочуваат со притисоци и заплашување“.

Рангирањето на „Фридом хаус“ е врз основа на два критериума – политички права и граѓански слободи. Политичките права се оценети со индекс 28 од можни 40, а граѓанските слободи со 39 од 60 поени.

Во „делумно слободни“ земји се Црна Гора(69), Албанија (68), Косово (60), Србија (56) и Босна и Херцеговина (52).

Србија и Бугарија се меѓу земјите каде што „Фридом хаус“ забележуваа најголем пад на слободите во текот на претходната година. Тие го имаат петтиот најголем пад, заедно со Соединетите Американски Држави.

Во извештајот пишува дека политичките права и граѓанските слободи се влошиле во 54 држави, додека само во 35 се забележани подобрувања.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира