По 4 дневна борба пожарот на депонијата во Алинци е целосно изгаснат


По 4 дневна борба пожарот на депонијата во Алинци е конечно целосно изгаснат. Од ЈКП „Комуланец“ велат дека ова бил досега еден од најголемите пожари предизвикан од непознат сторител.

„Во 4 дена, со пожртвувана борба и надчовечки напори со огнот, кој се закануваше да се прошири и на останатите ламели, вработените од ТППЕ Прилеп, Комуналец, од Дирекцијата за заштита и спасување,  од голем број општествено одговорни компании, успеаа целосно да ја изгаснат депонијата. Благодарност ди сите компании кои освен човечките ресурси на  располагање ја ставија својата градежна механизација, цистерни и транспортни товарни возила. Територијалната противпожарна единица како и секогаш  на врвот на својата задача, подготвени и за најголемиот ризик. Со овој најголем предизвикан пожар досега на депонијата во  Алинци, се потврдува фактот дека Регионалното депонирање на отпадот е спасот за сите општини во Македонија,со претходен модел на селекција на отпадот на местото на настанување, и вложување на општините во  Инсталации за  управување со отпад“, велат од ЈКП „Комуналец“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира