Физички напади низ Прилеп



На 08.04.2026 во 16.00 часот полициски службеници од ОВР Прилеп од ул.„Борка Утот“ во Прилеп ги лишиле од слобода М.А.(18) и Е.А.(25) двајцата од Прилеп . Имено според пријавеното на 08.04.2026 во 15.30 часот во ОВР-Прилеп, Н.А.(24) од Прилеп пријавил дека на 07.04.2026 додека бил со неговиот брат Е.А. и неговиот татко О.А.во населбата „Три Багреми“ во Прилеп од страна на М.А. и Е.А. биле физички нападнати со употреба на дрвени предмети при што на неговиот брат  Е.А. му нанеселе тешка телесна повреда констатирана во Градска Општа болница Прилеп додека на пријавителот и на неговиот татко им нанеселе телесни повреди .




Истиот ден во 14.50 часот полициски службеници од ОВР Прилеп  го лишиле од слобода Д.К.(49) од Прилеп. Имено според пријавеното на 08.04.2026 во 14.30 часот во ОВР Прилеп, 72- годишна прилепчанка пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот син .

Во 17.00 часот во ОВР-Прилеп Ц.М.(48)  од Прилеп пријавила дека на бул.„Гоце Делчев”  во Прилеп била физички нападата од нејзините сосетки М.М. и Ј. М. кои со стаклен предмет и нанесле повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на настаните.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира