Учениците од IV-3 одделение при ООУ „Блаже Конески“ Прилеп, под менторство на наставничката Весна Арсиќ, имаа Велигденска работилница. Како и секој Велигден нејзинот клас, се вклучи во активности поврзани со овие празнични денови.
Овој пат учениците вапсуваа јајца, поврзани со традицијата за овој најголем христијански празник.
„Додај мир во душата, љубов во срцето со верба во Бога, во слава на Христос да се радуваме, да простуваме, да сакаме и да се почитуваме! ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!! ЗА МНОГУ ГОДИНИ!“, порачуваат IV-3 одделение при ООУ „Блаже Конески“ Прилеп.