Еден пијан и еден шофер без возачка направиле сообраќајка во Прилеп

На 13.04.2026 во 16:50 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Гога Димитровски “ во Прилеп  го лишија од слобода Б.В.(73) од Прилеп.

При вршење увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал со возило „спарк” со прилепски регистарски ознаки, утврдено е дека Б.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,91 промили алкохол во крвта.

Исто така, утврдено е и дека вториот учесник во сообраќајната несреќа А.Д. од Прилеп, управувал патничко возило „алфа“ без возачка дозвола.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира