Во Kрушево се одржува 7-то Macedonian 4×4 Trophy – најадреналинскиот настан за 2026 во Македонија. Од денес па до сабота ќе „грми“ крушевската корија. Натпреварувачи од целиот Балкан ќе приредат вистински спектакл за публиката. Ќе се вози во текот на денот, а за утре е закажана и ноќна трка. Во деновите кои следуваат посетете го Крушево и уживајте во ова несекојдневно доживување.