Поддршка, практични совети и подароци – сè што му треба на еден нов родител, на едно место. Ако си нов родител (или допрва ќе станеш) – ова е настан што не сакаш да го пропуштиш. За првпат во Прилеп: ✨БЕСПЛАТЕН БАЗАР + ЕДУКАТИВЕН НАСТАН ЗА НОВИ РОДИТЕЛИ + ПРОМОЦИЈА НА ДЕТСКА КНИГА
- Датум: 10.05.2026
- Локација: The Point – На тениски, Прилеп
- Адреса: Цане Кузманоски 96, Прилеп 7500
- Влез: Слободен за базарот, 500 денари за едукативниот настан
Едукативно-поддржувачки настан наменет за нови родители или родители на деца до 3 годишна возраст, со цел да обезбеди релевантни информации, стручни совети и практична поддршка во периодот на подготовка за родителството и првите денови по породувањето.
Преку внимателно селектирана програма, ќе имате можност да слушнете инспиративни и едукативни предавања од докажани стручни лица во својата област, кои ќе споделат знаење, искуство и практични совети што навистина прават разлика.
Што ќе добиете:
✔️ атмосфера што ќе ја паметите;
✔️ учество на бесплатен базар на кој ќе присуствуваат разни локални бизниси;
✔️ практични совети од стручни лица;
✔️ одговори на реални прашања (доење, развој, психолошка поддршка…);
✔️ поддршка и заедница во период кога ви е најпотребна;
✔️ присуство на промоција на детска книга која обработува актуелна проблематика и можност да купите книга со потпис од авторката;
✔️ дружење и нови контакти;
✔️ фотографии од настанот;
🎁 подароци што ги подготвивме специјално за вас.
Местата за едукативниот дел се ОГРАНИЧЕНИ.
Пријавувањето е по принцип „прв дојден, прв услужен“ – затоа не чекајте. Базарот е бесплатен и отворен за сите – земи ги и најблиските! Резервирај си го своето место за едукативниот настан со пополнување на оваа кратка форма: https://lnkd.in/dXk4P2H8