ВИДЕО- Заврши 7-то Macedonia 4×4 Trophy во Крушево – возачите од целиот Балкан уживаа во прекрасните предели и стазите


Заврши 7-то Macedonia 4×4 Trophy во Крушево. Возачи од повеќе балкански држави уживаа во прекрасната природа и стазите кои се одлични за развојот на овој спорт. Членовите на Клубот OFFROAD 4×4 PRILEP уште еднаш докажа дека може да организираат беспрекорен натпревар од европски калибар.

Најважно од се е тоа што сите учесници ветија дека повторно идната година ќе се вратат тука, а добриот глас за одличните стази во Крушево ќе го пренесат во своите држави. Во Крушево имаше и публика од повеќе градови на Македонија која тука беше присутна за да го гледа овој спектакл.

Уживајте во одбраните моменти на последниот ден од Macedonia 4×4 Trophy и доделувањето на наградите.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира