Еве кои се топ 10 најдобри компани во Прилеп за 2025

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Финансиското друштво Цемак – Кредити на Миле и Тони Велески се најде меѓу десетте компании од Прилеп со најголеми остварени добивки во 2025. Компанијата за брзи кредити за минатата година има чиста заработка од 888.000 евра.

Во рангот Топ-10 компании со најголеми добивки во Прилеп се најде и Леонидсат, која е регистрирана во 2019, но претходните години била неактивна. Сега е во сопственост на Дејан Тодоровиќ од Белград, а порано оваа фирма била поврзувана со малцинско сопствеништво во Тотал ТВ.

На првото место по традиција е Мермерен комбинат Прилеп, потоа следува уште едно акционерско друштво Тутунски комбинат Прилеп, чие партнерство со Филип Морис веќе се исплатува во рентабилно работење. Кругот на првите три го затвора Прилепска пиварница, инаку уште едно акционерско друштво.

Понатаму следува странскиот инвеститор Гентерм за производство на клима уреди за автомобилската индустрија, додека Крин КГ на бизнисменот Христо Китаноски за производство на градежни материјали од мермер и друга руда е на 6.позиција.

Откупувачот на тутун Секе е на седмото место, а по него следува ВИК Македонија, уште една странска инвестиција за производство на електрични уреди за домаќинства. Во Топ-10 е уште и Кривогаштани-Промет за преработка и конзервирање на овошје и зеленчук на Роберт и Горан Цуцулевски.

ИЗВОР: ФАКТОР.МК

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци