Oд 9 до 15 ноември во Прилеп починале 19 лица од Ковид 19, а имало 362 нови случаи

 

Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 9-15 ноември, во општина Прилеп имало 362 нови случаи на коронавирус;

 

Од последици на коронавирусот, починале 19 лица.

 

Бројот на активни случаи изнесува 879. 729 лица се наоѓаат на домашно лекување, 91 на болничко, а 59 се лекуваат во дневната болница. На кислородна поддршка се наоѓаат 52 пациента.

 

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.034 лица.

 

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 2.180.

 

Од почетокот на пандемијата во Прилеп од коронавирус починале 98 лица.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира