Бујар Османи и Артан Груби гарантирале Бугари во Устав во Брисел

Facebook
Twitter
Email
Print

Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот вицепремиер Артан Груби во 2022 година повеќепати убедувале високи функционери на Европската Унија дека Македонија има капацитет да ги спроведе уставните измени онака како што беа пропишани во францускиот предлог и Преговарачката рамка, брифираат извори од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

„Ниту во самата ЕУ не верувале дека тогашната македонска влада ќе го прифати предлогот, така како што е срочен, бидејќи се верувало дека Македонија не може да го испорача зацртаното. На мое големо изненадување, високи претставници ми рекоа дека поранешниот министер за надворешни работи и еден поранешен вицепремиер ги убедувале претставниците на Брисел дека владата ја има потребната поддршка за двотретинско мнозинство за да ги изгласа промените. А, кога тоа повеќепати ви го кажува министер или вицепремиер на држава и самите ќе поверувате“, објаснува изворот од МНР.

Во однос на комуникацијата со Бугарија, од МНР велат дека продолжуваат напорите за воспоставување разумна позиција во однос на условот за уставните измени. Министерот Муцунски во наредниот период ќе учествува на меѓународна конференција и ќе побара уште една средба со неговиот бугарски колега, Георгиев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи