ВИДЕО – Прилеп конечно доби комплетно нова детска градинка, втора по големина во Македонија, изградена во еден од најсовремените објекти кај нас



Прилеп конечно после повеќе од 30 години доби комплетно нова детска градинка, втора по големина во Македонија, изградена во еден од најсовремените објекти кај нас од ваков тип. Градинката започна да се гради во 2021, а истата ја следеа повеќе скандали. Објектот е целосно исплатен од општински пари и чини 133 милиони денари, плус 2 нови договори за надворешно и хортикултутно уредување. Градоначалникот Јовчески истакна дека градинката ја начекал во состојба на карабина, без за неа да биде платен ниту денар.

„Најодговорно ќе кажам дека ја затекнавме градинката без платени ниту денар за ниту една ситуација. Значи во целост изградбата на градинката е од буџетот на Општина Прилеп, 133 милиони денари чини оваа градинка, на сопствен грб нашата општина и нашите граѓани ја исплатија оваа установа. А што се однесува до месеците за каснење тоа се однесуваше на низата забелешки кои беа пропусти уште од самото проектирање па до крајот на изведбата, потоа потребно беше и уште неколку други безбедносни механизми и тендери без кои немаше да ни биде дозволено да ја пуштиме оваа градинка. Значи и тоа одзеде многу време“, исткна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

 

„Министертвото за социјална политика, демографија и мпади учествуваше во набавката на опрема со сума од 9 милиони денари. Стоиме на распогање нормално и понатаму како министерство во делот опремување да бидат купени нови дидактички сртедства и тоа не само за оваа градинка туку и за сите градинки низ Македонија“, додаде Ѓоко Велковски, заменик министерот за Социјална политика, демографија и млади.

Градинката има капацитет од 218 деца, но во моментов ќе се згрижат 140 деца. Во градинката се вработени нови 25 лица.

„Има една јаслинска група у 10 групи за деца од 2 до 6 години, од утре започнуваме со работа, ќе згрижиме за почеток околу 140 деца и ќе ја намалиме листата на чекање, но после летните одмори планираме овој објект да работи со полн капацитет“, кажа Христина Трпческа, директорка на градинки „Наша иднина“ во Прилеп.

Во Прилеп има околу 300 деца на чекање кои сакаат да се запишат во овие претшколски установи, а со оваа градинка од утре тој број ќе биде преполовен. Во населбата Рид пак ќе се градела уште една градинка, која веќе добила дозвола за градба.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи