Николовски: За прв пат Македонија добива Закон за потекло на имот, ќе се испитува нелегално стекнат имот и капитал


За прв пат Македонија добива Закон за потекло на имот. Ќе се испитува нелегално стекнат имот и капитал,  порача на социјалните мрежи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„На наша иницијатива, а со експертска и техничка помош од Советот на Европа, првиот чекор е направен. Подготвена е физибилити студија за Законот за потекло на имот, која содржи компаративна анализа на меѓународни искуства за проверка на потеклото на имот и капитал, анализа на домашната правна рамка и досегашни искуства, детектирани слабости во институционалниот систем и идни насоки за креирање на новото законско решение. Веќе е формирана работна група која започнува со работа за подготовка на Законот за потекло на имот“, вели Николовски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира