Во рамките на проектот “Патот до селото: Создавање на одржлив рурален развој во срцето на природата“ кој што Рурална Коалиција го спроведува како подгрант финансиран во рамките на проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Кораб Коритник, Шара и Албанските Алпи“, а се имплементира од страна на канцелариите на ЦНВП Северна Македонија и Албанија и е финансиски поддржан од ПОНТ ја изработи првата мапа на туристички локалитети и бизнис можности кои што се наоѓаат во реонот на Илинска планина.

Преку вака изработената мапа која што произлезе од претходна анализа за туристичките потенцијали и бизнис можности во реонот на Илинска планина ќе се промовираат локалитетите кои што нудат можности за развој на рурален туризам и активирање на локалното и рурално население во овие области со што директно ќе се придонесе кон локалниот економски развој на регионот.
Ваквата мапа со туристички локалитети и бизнис можности за прв пат е изработена во реонот на Илинска планина и е отворена за дополнување и мапирања на нови локалитети, а ќе биде изработен и посебен туристички водич кој што ќе говори подетално за секој од локалитетите поставени на мапата.
Мапата е достапна на следниот линк: https://ruralnakoalicija.mk/wp-content/uploads/2025/03/mapa-1-1.pdf.