Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изрази сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во Тетово, кој ја зафати модуларната болница и најави брзо разрешување на ситуацијата.
„Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите во пожарот во тетовскиот Ковид Центар и посакувам брзо закрепнување на повредените. Посветени сме на брзо разрешување на оваа ситуација“, напиша Спасовски.