Хуманитарен Stand Up Comedy настап во Прилеп на Александар Георгиевски, парите ќе се донираат за семејството Јованоски, кое остана без покрив над главата

Facebook
Twitter
Email
Print


Хуманоста и солидарноста повторно ќе бидат во фокусот на прилепчани! Овој пат, преку забава, смеа и добро расположение, жителите на Прилеп ќе имаат можност да помогнат на едно семејство во неволја.

На 2 април 2025 година, во 20:00 часот, во НУЦК Марко Цепенков, ќе се одржи хуманитарен Stand Up Comedy настап, организиран од Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Прилеп, во рамките на програмата „Црвен Крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности“ (ЦКА-ПХВ).

Главен изведувач на вечерта ќе биде популарниот стенд-ап комичар Александар Георгиевски, кој со својот уникатен хумор и харизма ќе ја насмее публиката, но и ќе ја потсети на важноста на човечката поддршка.

Сите средства собрани од продажбата на влезниците (кои чинат само 200 денари) ќе бидат донирани за семејството Јованоски, кое остана без својот кров над главата по катастрофалниот пожар во февруари оваа година. Пожарот ја уништи нивната куќа, а без кровот, живеењето во неа е невозможно, оставајќи ги во многу тешка состојба. Секој купен билет значи чекор поблиску до обновата на нивниот дом и враќање на нормалниот живот.

Зад оваа иницијатива стои тимот на млади волонтери од ЦКА-ПХВ, кои посветено работат на разни хуманитарни проекти во Прилеп. Тимот, предводен од тим-лидерот Матеј Трајкоски, подготви незаборавна вечер исполнета со смеа, но и со значење.

Дополнително, како дел од иницијативата „Донирај и добиј награда“, сите кои ќе дадат донација ќе имаат можност да освојат награда, благодарение на спонзорот бутик Republic, кој ја поддржа оваа хумана акција.

Влезниците може да се набават преку контакт со организаторите на 075/767-407 (Матеј) или на самата врата пред почетокот на настанот.

Не пропуштајте шанса да бидете дел од една вечер која ќе ви донесе насмевки, но и ќе направи разлика во нечии животи. Доаѓаме да се смееме, но и да помогнеме!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи