Азар: Белгиската „златна генерација“ може да освои трофеј

Facebook
Twitter
Email
Print

Англиската златна генерација од фудбалери не успеа да го покаже својот целосен потенцијал, но белгиската има шанса да освојува трофеи, изјави капитенот на Белгија, Еден Азар.

 

Халфот на Челзи е еден од лидерите на одличниот белгиски тим, полн со супер-ѕвезди од европските првенства, вклучувајќи ги Тибо Куртоа, Кевин де Бруин, Дрис Мертенс и Ромелу Лукаку.

 

Во почетокот на векот, по 2000-та година, Англија располагаше со фудбалери како Дејвид Бекам, Стивен Џерард, Френк Лампард, Мајкл Овен и други, но никогаш не успеаја да поминат четвртфинале на големо првенство.

 

„Златната генерација, кои вие во Англија ја имавте пред 10-15 години, не освои ништо. А сега мислам, и го кажуваме тоа на фановите, новинарите и на сите во Белгија, дека ние можеме да освоиме нешто. Ние сме златната генерација на Белгија“, се обрати Азар кон новинари во Англија.

 

Белгија ќе игра токму против Англија во групата Г на 28 јуни, што е последниот меч од групната фаза. „Црвените ѓаволи“ го започнуваат Мундијалот на 18-ти јуни со Панама, по што ќе се соочат со Тунис.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци