Барбара Стојкоска најдобар борач на Меморијалниот турнир „Љупче Црвенкоски – Црвенио“ во Прилеп

Барбара Стојкоска од 7 Мај Прилеп е најдобриот борач и победник на Меморијалниот турнир „ЉупчеЦрвенкоски – Црвенио“ што се одржа во Прилеп.  За најдобар домашен борач е прогласен Стефан Штерјов од Балканец, додека најдобар техничар е Омер Мемеди од Лирија. Најдобрите странски борачи во машка и женска конкуренција се борачите од Абони – Унгарија.

 

Најдобар техничарка е Стефани Николова од Неготино, а најдобра домашна борачка Викторија Стојаноска 7 Мај Прилеп. Најдобар судија е Тамара Игнатовска. На турнирот учествуваа околу 120 борачи и во машка и во женска конкуренција од Србија, Унгарија и Македонија.

 

Пред турнирот, од 6 до 10 август, се одржа 18-от меѓународен камп на кој учествуваа 40-тина борачи во слободен стил, грчко-римски и женско борење од 7 Мај Прилеп, Раднички Сомбор и Абони од Унгарија, како и гости борачи од Неготино и Тигар од Скопје.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци