ВИДЕО : „Macedonian trophy“ – спектакл со теренски возила во Прилеп

На 21 и 22 октомври во Прилеп ќе се одржи второто по ред „Македонско трофи“ на кое учество ќе земат неколку стотици љубители на теренските возила од Македонија, Србија, Бугарија и Грција.

 

На првиот натпреварувачки ден учесниците ќе возат по т.н. патна книга и ќе треба да поминат околу 40 км. Секое возило мора да поседува читач на метри, а совозачот во возилото мора да ја чита книгата и да го упатува возачот каде да се движи.

 

Исто така предвидено е да има и 6 специјални точки кои треба да се поминат.

 

Во неделата на 22 октомври активностите ќе се одвиваат во затворениот дел од арената или полигонот за екстремни спортови во Лагово.

 

Инфо Компас поразговара со Панчо Чупаркоски, организатор на настанот, од клубот „OFF-ROAD PRILEP“ кој истакна дека ова е единствена манифестација во Македонија од ваков карактер и дека настанот ќе биде вистински спектакл за љубителите на овој екстремен спорт.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци