Демонстрации и судири во Нант поради убиство на момче

Facebook
Twitter
Email
Print

Француската Влада денеска повика на смирување на ситуацијата после судирите на полицијата со демонстранти во Нант кои протестираа поради смртта на момче кое го убил полицаец кога со возило се обидело да избегне контролен пункт.

 

“Повикувам на апсолутно смирување на ситуацијата и апсолутно почитување на владеењето на правото”, изјавила француската министерка за правда, Никол Белубе.

 

Момчето, кое имало дваесетина години, удрило полицаец кога тргнало наназад кај еден контролен пункт, и тогаш во него пукал друг полицаец.

 

Демонстрантите синоќа палеле автомобили, кршеле продавници, фрлале „молотови коктели“ врз полицијата, а запалиле и неколку згради во Нант, град во западна Франција. Немирите се смириле во раните утрински часови откако полицијата добила зајакнување.

 

 

Полициски извори наведоа дека е покрената истрага во врска со постапката на полицаецот кој пукал во момчето.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци