Ердоган изгуби – Имамоглу нов градоначалник на Истанбул

Facebook
Twitter
Email
Print

Владејачката политичка АК партија под водство на Реџеп Таип Ердоган загуби и во вториот круг на прегласување за градоначалничкото место на најгоемиот град во Турција. Како и во првиот круг, победата во Истанбул му припадна на Екрем Имамомглу, кандидат на опозициската партија.

 

За разлика од првиот круг кога Имамоглу победи со 13.000 гласови разлика, кои беа анулирани поради неправилности и се прегласуваше, тој во вториот круг енормно ја зголеми разликата на дури 770.000 гласови и убедливо го презеде водството на градот на Босфор.

 

Ова го прекинува 25-годишното владеење на АК партијата во Истанбул, кој е можеби најзначајниот град во оваа земја. Со речиси 15 милиони жители тој формира безмалку третина од БДП-то на Турција.

 

Овој пораз, според аналитичарите, претставува голем срам за претседателот Ердоган и би можело да ја ослабне неговата, како што до неодамна се чинеше, железна власт. Инаку Ердоган на локалните избори претходно ги загуби и Измир и Анкара.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци