Манасков, Кузмановски и Стоилов на кец, следни Лазаров и Јоновски!!

Facebook
Twitter
Email
Print

Дејан Манасков, Филип Кузмановски и Стојанче Стоилов од синоќа имаат нов имиџ односно имаат фризура популарно наречена „кец“, а причината е во облогот кој го имале ракометарите.

 

Интерно меѓу нив паднал облог што би се случило доколку Македонија го освои првото место во групата Ц, па како што си е случај секогаш мора да се исполнат обложувањата така тројцата мораа да се потстрижат.

 

 

Но, брзоногото крило најави дека тој нема да биде единствениот со Кузмановски со нова фризура ако Македонија влезе во полуфинале, туку без косата ќе останат и Кире Лазаров и Ацо Јоновски.

 

„Прво беше облогот после Црна Гора да се потстрижиме но му беше страв. Рековме со Кузмановски дека ако завршиме прво место ќе се потстрижиме, а и него ќе го потстрижиме макар и на спиење. Ако дојдеме до полуфинале, ќе ги потстрижиме Лазаров и Јоноски, па што сака нека е!“, изјави Манасков.

 

Македонија ја отвора втората фаза на Европското првенство со дуел против Шпанија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци