Прилепчанецот Александар Стојкоски 4-та година по ред прво место на „Krali Marko Trails“, годинава на 67 км.

Прилепчанецот Александар Стојкоски 4-та година по ред се искачи на пиедесталот на најдолгата планинска трка во Македониија „Kozjak trail“, долга 67 км. која што пак е дел од планинскиот маратон „Krali Marko Trails“. Оваа делница тој ја истрча за 8 часа и 18 минути. Освен „Kozjak trail“ маратонот имаше и две други помали трки „Treskavec trail“ долга 16 км. и „Kamena Baba Trail“ долга 34 км. Инаку само пред 7 дена Стојкоски го освои второто место на планинската трка „Пирин ултра“ во Бугарија на стазата која што беше долга 40 км.

 

„На само 7 дена по „Пирин ултра“ и 4-та трка во еден месец неможеше подобро во овој момент. Иако кога решив да ја трчам 67-ката пред еден месец таргетот ми беше дека истата ќе ја завршам за околу 7 часа и 30 минути, но во меѓувреме излезе да одам на „Пирин ултра“, па уште тогаш знаев дека тој таргет нема да се достигне бидејќи КМТ е доста захтевна трка. Уште од стартот знаев дека ќе трчам сам и се бешпе добро до прилепското езеро каде почнав да ги чувствувам листовите. Продолжив со исто темпо до Пелтвар, на 25 км, и тука веќе решив да намалм со темпото. До езеро веќе бев 5h и веќе имав еден час предност. Па така последните 20 км. до финиш решив да ги поминам рутииснки без форсирање“, истакна Стојкоски.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци