Силен земјотрес го погоди Иран

Facebook
Twitter
Email
Print

Нов силен земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во југоисточниот дел на Иран, само неколку часа откако земјотрес со магнитуда од шест степени го погоди западниот дел на земјата. Забележан е на длабочина од 57 километри, во близина на градот Хејдак, пренесе „Ројтерс“.

 

Државните ирански медиуми објавија дека земјотресот во западен Иран бил со интензитет од шест степени, а според американскиот Геофизички институт – 5,4 степени според Рихтер.

 

Сè уште нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.

 

Во ноември Иран беше погоден од разорен земјотрес со интензитет од 7,3 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа стотици луѓе, а над 9.000 беа повредени.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци