Србија прогласи вонредна состојба поради коронавирусот

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва прогласи вонредна состојба на целата територија на земјата.

 

„Србија денеска е во војна против невидлив противник. Врз основа на Уставот на Република Србија, согласно одредбите од Уставот, членот 5, ве известувам дека донесовме одлука за прогласување вонредна состојба на територијата на цела Србија. Одлуката не ја донесовме лесно, бидејќи се носи во исклучителни околности“, истакна Вучиќ.

 

Тој најави и дека од утре припадниците на Војската на Србија ќе ги чуваат болниците, а полицијата ќе ја спроведува наредбата за изолација на заразените.

 

„Кој ќе ја прекрши наредбата ќе биде казнет до три години затвор“, нагласи Вучиќ пред новинарите во Палатата Србија.

 

Исто така, тој најави и затворање на училиштата, најверојатно до крајот на училишната година. Во Србија денеска се регистрирани уште два нови случаја на заразени со коронавирус, со што вкупниот број достигна 48, соопшти српското Министерство за здравство.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци