Уапсен маж кој со канистри со бензин и запалки се обидел да влезе во катедрала во Њујорк

Facebook
Twitter
Email
Print

Трисет и седумгодишен маж во средата вечерта влегол во катедралата посветена на Свети Патрик во Њујорк со два канистра полни со бензин, течност за запалки и запалки, соопшти полицијата на американската метропола.

 

Мажот влегол во катедралата на Менхетен околу 20 часот и се судрил со припадници на обезбедувањето, соопшти њујоршката полиција. Кога се свртил да си замине, бензинот се пролеал на подот а обезбедувачите ја известиле полицијата која била пред храмот.

 

Од полицијата велат дека сè уште е рано за утврдување на мотивот, но сепак се смета за многу сериозен чин.

 

Инцидентот се случува само два дена по пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира