Матурски концерт на удирачки инструменти на Јове Атанасовски во Цепенков

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Публиката во Прилеп ќе има исклучително ретка можност да ужива во звуците на удирачките инструменти. Ве покануваме на матурскиот концерт на Јове Атанасовски од Битола под менторство на професор Кирил Мулоски од Прилеп кој ќе се одржи во среда на 17.06.2026 во фоајето на Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп со почеток од 20:00 часот.

Преку делата на Монти, Моцарт, Брамс, Палиев изведени на ксилофон, вибрафон, тимпани, публиката ќе ужива во секоја секунда од овој несекојдневен концерт. Особена гордост за градот е фактот што менторот професор Кирил Мулоски е прилепчанец кој што е редовно вработен во Државното музичко училиште во Битола, студирал и скоро целиот свој живот го посветил на удирачките инструменти, а овој концерт е производ на многу работа со љубов како од негова страна така и од учениците со кои што редовно освојува Први награди како на државните натпревари во Македонија, така и на многу меѓународни натпревари.

Гостин на концертот ќе биде и Серафим Илиевски од Битола, преспективен млад изведувач кој е исто така од класата на професор Кирил Мулоски. Пијано придружба ќе биде професор Александра Пецакова.

Влезот е слободен, дојдете заедно да уживаме, нема да зажалите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци