Несовесни граѓани ја руинирале погребната комора од Кралската гробница во Бонче

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Наши читатели ни испратија фотографии од руинираната погребна комора од Кралската гробница која се наоѓа помеѓу селата Бонче и Подмол во близина на Прилеп. Станува збор за исклучителен архитектонски објект од анктиката, затоа што на територијата на сегашна Македонија таа е единствена, а во Грција во Егејскиот дел има само уште неколку.

Несовесни граѓани ги истуркале камењата од ѕидот на погребната комора кои таму стојат повеќе од 2.000 години. Доказ за нашиот однос кон историјата и културното наследство што го имаме. Колку го цениме, односно ништо не ценим, а потоа ни е криво кога другите не негираат.

Со овој случај е запознат прилепскиот Завод и музеј и ќе се започнат активности за санација на штетата.

Инаку оваа гробница каде бил закопан некој крал или големец и каде се претпоставува дека се наоѓа 4-тата изгубена античка македонска престолнина градот Пелагонија веќе подолг период е оставена на забот на времето, без соодветна заштита и нејзина конзервација.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци