ВИДЕО- Проданоски: Мостот Табана чини 141 милион денари, 15 милиони кофинансирани од Општината, ќе биде готов до крајот на 2026

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

141 милион денари, од нив 15 милиони кофинансирање од Општина Прилеп, за да се заокружи и да се реши едно од најголемите тесни грла кое води кон центарот на градот а тоа е мостот со кружен тек Табана. Благодарност до премиерот, благодарност до цела Влада, особено од министерот за транспорт, бидејќи ова е проект преку неговото министерство, изјави денеска градоначалникот на Прилеп, при увид на градежните работи.

„Решаваме долгогодишен, децениски проблем во Прилеп и со ова заокружуваме едно послободно и понормално одвивање на сообраќајот кој носи до центарот на Прилеп. Ја искористив приликата да го запознаам премиерот и претставниците на Владата со уште 2 проекти, еден би сакал да го потенцирам, а тоа е договор кој го имаме со компанија изведувач кој е тежок 168 милиони денари и ќе биде искористен за комплетно подобрување на инфраструктурата во градот, што значи поставување и рехабилитација на нов асфалт на улици, поставување на нови тротоари и пешачки површини, поставување на оградни ѕидови и сето тоа треба да се реализира, ставена ни е во развојна програма во рок од 3 години. За оваа година имаме предвидено 60 милиони денари, значи прилепчани ќе добијат инвестиции до крајот на оваа година во вредност од 60 милиони денари преку нови коловози, нови пешачки патеки и нови потпорни ѕидови, се она што значи проблем за прилепчани. Ја искористивме приликата да го посетиме и скоро завршениот и реконструиран дел на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во површина од 2.100 метри квадратни, поставена е урбаната опрема, поставени се подовите, заокружуваме со поставување на зеленилото согласно проектот, кој е вреден 16 милиони денари, средства од вториот повик на владата за инфраструктурно доопремување и доизградување на општините“, додаде Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци