МВР со предупредување до сите што управуваат со дронови: „Веднаш приземјете го ако забележите хеликоптер“

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Поради засилените активности на полициските хеликоптери, особено во гаснењето на пожарите низ земјата, Министерството за внатрешни работи упати предупредување до сите корисници на дронови да ги почитуваат правилата за безбедно користење на воздушниот простор.

Од МВР посочуваат дека поради итноста на интервенциите, местото, времето и маршрутите на полициските хеликоптери не секогаш можат однапред да се предвидат. Хеликоптерите во моментов се ангажирани за гаснење пожари, извидување, транспорт и други оперативни задачи.

Од операторите на дронови се бара да не летаат спротивно на важечките прописи, особено доколку немаат соодветни регистрации, одобренија или сертификати кога тие се задолжителни. Оние кои ги исполнуваат законските услови мора да ги почитуваат ограничувањата во воздушниот простор и правилата за координација со надлежните служби.

МВР посебно предупредува дека доколку оператор забележи или слушне полициски хеликоптер во близина, треба веднаш и безбедно да го приземји дронот. Забрането е дронот да се насочува кон хеликоптерот, да му се приближува, да го следи или да се снима од непосредна близина.

Од Министерството објаснуваат дека дрон во оперативната зона претставува сериозна опасност, особено при гаснење пожари. Хеликоптерите тогаш летаат на мали височини, често во услови на чад, намалена видливост и турбуленција, што дополнително го отежнува навременото забележување на мал беспилотен летало.

Присуството на дрон може да доведе и до прекин или одложување на хеликоптерските операции, со што се намалува ефикасноста на интервенциите и дополнително се загрозуваат населението, пожарникарите, имотот и природата.

МВР најавува дека ќе презема мерки за утврдување на идентитетот и одговорноста на лицата кои со незаконско или небезбедно управување со дронови ја загрозуваат безбедноста на воздушниот сообраќај и полициските воздухоплови. За прекршувањата може да следуваат прекршочни, а во случаи кога се исполнети законските услови и кривични мерки.

Од МВР апелираат до граѓаните и операторите на дронови да покажат максимална одговорност и да не ја загрозуваат безбедноста на екипажите кои се ангажирани во спасувачки и противпожарни операции.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци