Во недела ќе се одржи четвртата прилепска интернационална берза на винили и други носачи на звук

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Во недела, 30 август, кај Саатот во Прилеп ќе се одржи четвртата прилепска интернационална берза на винили и други носачи на звук. Настанот ќе трае од 11 до 17 часот и ќе понуди богата програма исполнета со музика, колекционерски предмети и интерактивни содржини за посетители од сите возрасти.

На берзата ќе учествуваат 10 излагачи од Прилеп, Куманово, Штип, Скопје и Белгија, кои ќе понудат разновиден избор на винилни плочи и други носачи на звук.

Како дел од програмата, посетителите ќе имаат можност да го разгледаат подвижниот ретро музеј на музички аудио-антиквитети, презентиран од Зоки Мува. Предвидена е и музичка работилница посветена на аудиофилството и колекционерството, која ќе ја реализира Борче Мавро.

Настанот е во организација на Блаже Томески Биџо, Јавен Простор Прилеп и Винтер Априкот.

Организаторите упатуваат благодарност до кафе Чоше, кафе Сидро, гастробар Монарка, Декор завеси и Еуротерм за поддршката и придонесот во реализацијата на настанот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци