Успешен старт во втората полусезона за ЏК Сеишин Прилеп – 5 медали на турнирот во Алексинац

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци



На 05.09.2026 година, во Алексинац, Србија, се одржа Меѓународниот турнир во џудо „Алексинац 2026“, на кој учество зедоа 48 клубови од 10 држави, со повеќе од 300 џудисти.

Џудо клубот „Сеишин“ – Прилеп настапи со 5 натпреварувачи и оствари одличен резултат – 5 медали од 5 настапи!

Резултати:

  • Иван Јошески – 1 место
  • Теодора Илиоска – 1 место
  • Стефани Ристеска – 2 место
  • Тамара Илиоска – 3 место
  • Бисера Цветкоска – 3 место

    „Овој одличен резултат е потврда за посветената работа, дисциплината и големиот труд вложен во подготовките. Стручниот тим е задоволен од настапот на сите наши натпреварувачи и им честита за освоените одлични резултати! Продолжуваме со подготовки и напорна работа, бидејќи веќе следниот викенд нè очекува нов меѓународен настап во Црна Гора“, велат од клубот.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци