Физички напади низ Прилеп

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Нова серија на физички напади низ Прилеп брои полицискиот билтен.

На 29.09.2026 во 17:30 часот во СВР Битола, А.К.(41) од Прилеп пријави дека  на ул. „Прилепска” во Битола бил физички нападнат од К.Н..

Истиот ден во 21:30 часот во ОВР Прилеп,  28-годишна прилепчанка пријави дека  нејзиниот поранешен сопруг физички го нападнал нивното заедничко малолетно дете.

На 30.09.2026 пак, во 03:20 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Т.М.(54) од Прилеп, бидејќи во семејниот дом во Прилеп физички ја нападнал неговата  44-годишна сопруга.

Се преземаат мерки за расчистување на настаните. По документирањето ќе следат соодветни поднесоци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци