Ситуацијата на Хаваите ескалира, лавата наближува кон геотермална електрана

Facebook
Twitter
Email
Print

Вулканот Килауеа на Хаваите со недели не мирува. Лавата стигна и до геотермалната електрана Пуна, во која се наоѓаат тони токсичен материјал во буриња. Локалните власти прогласија црвен аларм и прават се што е во нивна можност да спречат вжештената маса да влезе во електраната.

 


 

Борбата на работниците со електраната, која снабдува околу 25 проценти од домаќинствата на Хаваите, трае цел ден и цела ноќ во обид да ја одвратат вжештената маса и да спречат досега невидена катастрофа.

 

Евакуирани се повеќе од 2 000 лица, а уништени се детици објекти, патишта и земјиште.

<


/div>

 

Дополнителна опасност за жителите на Големиот остров е и тоа што делови од лавата истекуваат во океанот испуштајќи притоа поголеми количества хлороводородна киселина и микроскопски честички стакло во воздухот. За трипати е зголемено нивото на силфурен диоксид во воздухот, а геолошките служби предупредуваат дека во секој момент вулканот би можел повторно да еруптира со силни експлозии, исфрлајќи камења и други тврди предмети во неговата околина.

 

Единствена светла страна е тоа што досега нема човечки жртви.

 

Најсмртоносна ерупција на вулканот на Хаваите се случила далечната 1790 година, кога загинаа стотици лица. Телата на повеќето од нив биле стопени и воопшто не можеле да се пронајдат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира