Најдобриот тим од регуларниот дел на сезоната во НБА лигата екипата на Хјустон, оствари триумф на гостински терен кај шампионот Голден Стејт со 95-92 со што го израмни резултатот на 2-2 во победи во финалето на Западната конференција.
Иако домаќините на стартот на последната четвртина имаа и 12 поени предност, сепак гостите од Хјустон благодарение на одличната игра во одбраната периодот го добија со 25-12, доволно да се радуваат на победа.
Џејмс Харден со 30 и Крис Пол со 27 постигнати поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека Кари постигна 28, а Дурант 27 поени за поразениот.
Следниот меч се игра на теренот на “Ракетите“ веќе во петок наутро (3 часот), по што одново серијата се сели во Сан Франциско,додека евентуалната мајсторка ќе се игра во Хјустон.