Во Велико Градиште, Србија, викендов се одржа 6-тиот по ред меѓународен џудо турнир „Сребрено езеро“ на кој што џ.к. „Бушидо“ од Прилеп настапија со 15 учесници и се вратиија со 15 медали. Членовите од „Бушидо“ се натпреваруваа во категоријата постари кадети и пионери.
Медали освоија :
Теодора Ристеска – 1 место
Матеја Кочоска – 3 место
Маринела Атанасоска – 3 место
Сара Атанасоска – 2 место
Георгина Милошеска – 3 место
Фросина Петроска – 2 место
Стефан Талески – 2 место
Антонио Талески 3 место
Бојан Мојсоски – 3 место
Филип Митрески – 3 место
Михаил Талески – 3 место
Себастијан Митрески – 3 место
Христијан Здравески – 3 место
Кристијан Магероски – 3 место
Девојките во категоријата кадетки освоија и пехар за најдобра екипа.
Во Велико Градиште џ.к. „Бушидо“ потпиша и документ за збратимување со клубот домаќин.
Истиот ден се одржа и државното првенство во Битола за јуниори и постари пионери.
Медали освоија :
Ема Димитриоска – 1 место
Миле Грижоски – 2 место
Филип Петроски – 3 место
Елена Малиноска – 1 место
Стефанија Петреска – 3 место
Мартина Јанкоска – 1 место
Александар Стојкоски – 3 место
Филип Попоски – 1 место
Вкупно денеска членовите на џ.к. „Бушидо“ освоија 23 медали.