Од германската компанија за производство на спортска опрема „Адидас“ денеска и официјално ја објавија топката со која ќе се играат натпреварите од елиминационата фаза од Светското првенство во Русија.
Топката ќе биде слична на досегашната „Телстар18“ но наместо црните шари ќе има вклучено и изразито црвени и портокалови шарки. Името на новата топка ќе биде „Телстар Мечта“, а за прв пат ќе биде употребена на 30 јуни за кога е планиран првиот осминафинален натпревар.
Како што е објавено и оваа топка ќе биде чипувана, како и досегашната со која се игра во групната фаза на Мундијалот, како револуционерен проект за овој Мундијал.