Љупчо Стојановски, дедо на малата Тамара Димовска од Велес, осуден е на една година ефективна казна затвор. Ваква одлука донесе Апелацискиот суд Скопје по жалбата на Основното јавно обвинителство (ОЈО).
Апелацискиот суд ја преиначи пресудата на Основниот суд кој го осуди Стојановски на условна казна затвор за поседување оружје по признанието на вина.
На 11 јули годинава се закажани завршни зборови за второто кривично дело кое му се става на товар на Стојановски, „обид за убиство“. Адвокатката Павлина Зефиќ рече дека ќе ги вложат сите правни лекови за да ја оспорат пресудата против Стојановски.
Стојановски на први јуни 2017 година година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров кој во пукањето не беше повреден.
Деветгодишната Тамара Димовска од Велес, која имаше искривување на рбетот почина во февруари 2015 година откако ја загуби битката со здравствените лавиринти во Македонија.