Аргентина синоќа конечно победи на Мундијалот во Русија и се пласираше во 1/8 финалето. Но и покрај победата над Нигерија (2-1), моментот и вниманието со своето шоу го украде Диего Армандо Марадона.
Легендата на „гаучосите“ беше во елемент, го повикуваше господ, едно време задрема во ложата, потоа прослави со покажување на среден прст, а на крај со придружба беше изнесен од стадионот откако му се слоши.
Со своја изјава на социјалните мрежи се огласи и Марадона, кој објасни што се случувало.
„Сакам да ви кажам дека сум добро, дека воопшто не бев хоспитализиран. За време на полувремето на мечот со Нигерија, многу ме болеше вратот и ми се слоши. Ме прегледа еден доктор и ми препорача да си заминам дома и да не го гледам вториот дел. Но, јас сакав да останам, ризикувавме се на овој натпревар, како можев да си заминам? Ви испраќам бакнеж на сите и ви благодарам за поддршката“, порача Марадона.
A post shared by Diego Maradona Oficial (@maradona) on
„Се е во ред, адреналинот проработи. Вечеравме, јас сакам црвено вино, но беше бело“, искоментира Марадона.