Неколку десетици илјади лондончани денеска излегоа на протестен марш против посетата на американскиот претседател на Лондон. Демонстрантите над поворката го пуштија и познатиот балон Бебето Трамп. Балонот е во облик на портокалово бебе во пелени, со исчешлана коса и мобилен телефон за пишување твитови.
Најавите се дека балонот ќе биде пуштен и над Вестминистерската палата, каде се одржува централниот протест, поради имиграционата политика на Трамп, расните односи, непочитувањето кон жените и климатските промени.
Организаторите на протестот велат дека за денес се најавени протести во околу 50 градови низ Обединетото Кралство.
Трамп допатува во Лондон синоќа, по Самитот на НАТО во Брисел. Тоа е прва посета на Трамп на Велика Британија откако стана претседател на САД.