„Не можеме повеќе да сметаме на суперсилата САД“, кажа Меркел на прес-конференција во Берлин.
Таа не се изјасни прецизно за средбата на американскот претседател Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, туку кажа дека е „среќна околу секоја средба“ и смета дека средбите на рускиот и американскиот претседател треба да бидат нешто нормално.
Меркел односот на Германија и САД го опиша како клучен, иако американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела го нарече Берлин „заробеник“ на Москва поради зависноста од рускиот гас.