Натпреварот беше отворен рано, уште во осмата минута Сарабиа постигна гол кој најпрво беше поништен поради офсајд, но во консултација со ВАР погодокот беше признаен и Севиља поведе со 1-0.
На три минути пред крајот на првото полувреме Меси изведе слободен удар, топката удри во стативата и дојде до Пике кој ја смести во мрежата за 1-1. И овој пат судијата се консултираше со ВАР, но се беше регуларно.
Победничкиот гол за Барселона беше постигнат во 78. минута кога Дембеле биеше прекрасно од далечина за триумф од 2-1.
Свој удел во оваа победа имаше и голманот Марк Андре Тер Штеген, кој покрај неколкуте интеревенции во текот на натпреварот, во 90. минута прво направи пенал, па после го одбрани за големо славје на Барселона во мароканскиот град Танжер.
За првпат во историјата на тимот, пехарот беше подигнат од Лионел Меси, кој капитенската лента ја доби по заминувањето на легендарниот Андрес Иниеста. За аргентинскиот ас овој трофеј е негов 33-ти во дресот на Барса, со што го надмина достигнувањето токму на Иниеста, и стана најтрофејниот каталонски фудбалер во историјата.
– 9 титули во Ла Лига
– 6 пехари во шпанскиот Копа дел Реј
– 8 трофеи во Суперкупот на Шпанија
– 4 титули во Лига на шампиони
– 3 европски Суперкупа
– 3 Светски клупски првенства
Барселона и Меси одбраната на титулата во Примера ќе ја започнат за пет дена, кога на свој терен ќе го пречекаат тимот на Алавес.