Прилепчани уште еднаш беа сведоци и можеа да уживаат во одличната забава организирана од страна на Јавен Простор Прилеп. Групата Фолтин одржа прекрасен концерт во домот за култура „Марко Цепенков“. Концертот се одржа во затворено поради временските услови иако претходно беше најавено дека ќе се одржи во задниот двор на театарот „Војдан Чернодрински“. Екипата на Инфо Компас направи и кратко интервју со вокалот на Фолтин Бранислав Николов.
Уживајте во незаборавната атмосфера од синоќешниот концерт и погледнете го краткото интервју со Бранислав.