Прилеп дел од официјалната програма на годинашните Струшки Вечери на Поезијата

Јавен Простор Прилеп, во соработка со НУЦК „Марко Цепенков“ го внесуваат Прилеп во официјалната програма на годинашните Струшки Вечери на Поезијата, со манифестацијата „Поезија на пат“.

 

Во четврток, во 20:30 часот, на летната сцена од Домот за култура ќе гостуваат и ќе биде претставена поезијата на следниве поети учесници на СВП :

 

1. Vladimir Levchev – Владимир Левчев (Бугарија)

2. Martin Glaz Serup – Мартин Глаз Серуп (Данска)

3. Cosmin Perta – Козмин Перта (Романија)

4. Hussein Habasch – Хусеин Хабаш (Сирија, курдско потекло)

 

 

Исто така, посетителите ќе можат да чујат стихови од годинешниот добитник на главната награда “Златен венец” на СВП, односно полскио поет Адам Загајевски. Објавената антологија од околу 800 страни, во која е поместено богатото поетско творештво на Загајевски, од полски на македонски јазик е преведена од нашиот сограѓанин Звонко Димоски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци