Патнички авион кој слета на писта на аеродромот Шереметјево во Москва прегази маж кој починал на лице место, соопшти претставничката за медиуми на аеродромот, Ана Захаренкова.
,,Патничкиот авион кој пристигна од Атина слета на аеродромот и додека се движеше по пистата , екипажот пријави судир со неидентификуван објект” , изјави Захаренкова.
Непознато е како човекот успеал да помине покрај многуте обезбедувачи и незабележано да влезе на пистата. Мажот подоцна бил идентификуван, а полицијата го истражува необичниот инцидент.