САД се подготвуваат за рекордни поларни студови – температури и до минус 50 степени

Facebook
Twitter
Email
Print

Најмалку 55 милиони луѓе во десетина сојузни држави во САД во наредните денови ќе се соочат со историски ниски температури, кои ќе се спуштат и до минус 53 степени, а научниците студеното време го образложуваат со метеоролошкиот феномен наречен „поларен вортекс“.

 

„Чикаго ќе биде поладен и од Антарктикот“, пренесува Би-би-си, додавајќи дека вака ниски температури се јавуваат еднаш во 25 години.

 

Вонредна состојба е прогласена во Висконсин, Мичиген, Илиноис, Алабама и Мисисипи, а властите во Ајова ги предупредија граѓаните при престој на отворено да не дишат длабоко и да не зборуваат многу. Канцеларијата за метеоролошки работи на САД објави дека само 10 минути изложеност на таков студ може да доведе до сериозни смрзнатини.

 

Научниците објаснуваат дека ниските температури се резултат на зголемувањето на температурата во стратосферата над Северниот Пол, на височина меѓу 20 и 30 километри.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи