ВИДЕО – Милена Јованоска, самохрана мајка од Прилеп, нова ѕвезда на шоуто „Никогаш не е доцна“

45 годишната Милена Јованоска, самохрана мајка од Прилеп го воодушеви жирито во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ со мотивна изведба на темата „Додири од стакла“ од Нина Бадриќ. Јованоска вели дека со музика се занимавала од 14 години, а нејзината мајка сакала да стане оперска пејачка. Првиот ТВ-настап го имала на 16 години на Македонската телевизија.

 

Јованоска по вокација е негувателка, но никогаш не работела по струкаи моментално не е вработена. Од вонбрачна врска има 11-годишен син кој самата го одгледала. Таткото никогаш не сакал  да го признае синот. Таа со учеството во „Никогаш не е доцна“ сака да го сврти вниманието на сите мајки кои имаат ист или сличен проблем како нејзиниот.

 

 

Во ревијалниот дел со својата мајка Горица, Милена ја испеа народната песна „Море сокол пие“. Јованоска настапи прва во емисијата, а нејзиниот настап започнува на 6.57 од видеото.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи