Груевски: Нова ера за Македонија – почнува ново утро, доаѓаат нови победи

Facebook
Twitter
Email
Print

Одиме напред, одиме сложно и заеднички, ќе чекориме гордо и достоинствено, во нашето ново утро, кон новите победи, затоа што граѓаните ја гледаат разликата, затоа што сите вие заедно со секој наш член активист, поддржувач, симпатизер, со сите наши граѓани, сте нашата движечка сила, движечката сила на македонија,ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за време на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ именувана како „Нова Ера“.

 

„Започнува новото движење кое ќе ја донесе новата ера за Македонија, ера на просперитет, напредок и исполнети ветувања, одговорност достоинство и заедништво. Ера која ќе ја предводи оваа наша коалиција и која ќе покаже на сите и дома и надвор, на сите оние кои се оправдано загрижени или можеби барем малку се скпетични дека да, ние можеме, да Македонија може, Македонија може и мора подобро! Денес ќе се обидам да ви претставам една наша визија за тоа како треба да се развива Македонија и во која насока треба да оди во наредниот период“, рече Груевски.

 

Тој додаде дека во отсуство на јасна владина стратегија и план, во време на хаотичност и неспособност која била видлива од секого, ВМРО-ДПМНЕ излегувале со еден документ по кој ќе можеле сите да ги препознаваат во идниот период, според кој можеле сите да гии оценуваат, но притоа биле свесни дека нивниот збор вредел и имал тежина.

 

„ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветува и го исполнува и со нас сте на сигурно дека тоа што го нудиме ќе го исполниме. ВМРО беше едно движење за слобода за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е едно движење за создавање на попросперитетна Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е движење кое треба да ја прави Македонија посилна, поразвиена и да ја движи напред. Оправдано од нас се очекува во моменти на неизвесност да ги повлечеме вистинските чекори и да го покажеме патот. Ние тоа и го правиме. Нашата битка е да се живее достоинствен живот. Нашиот напор е правда за сите. Нашата работа е да се подобри и развие животниот стандард на нашите граѓани и во нашите градови и села. Ние работиме да ги решаваме проблемите на луѓето. Нашата страст но и грижа се повеќе инвестиции, повеќе работни места и повеќе работа за сите. Наш стремеж е подобро образование, подобри здравствени услуги и посовремени градови. Сакаме посигурна и постабилна Македонија. Сакаме да ги оствариме надежите на нашите родители, да отвориме пат за соништата на нашите деца. И затоа велиме – секогаш работа секогаш Македонија“ потенцираше Груевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи