Од 2021-ва година ЕУ забранува пластичен прибор за јадење, цевки и стапчиња за уши

Facebook
Twitter
Email
Print

Европскиот парламент вчера одобри нов закон со кој се забрануваат пластични предмети за еднократна употреба како што се чинии, прибор за јадење или цевки за пиење. 560 пратеници гласале за договор постигнат со министерите на ЕУ, 35 биле против и 28 воздржани.

 

Како што се наведува во соопштението, следните производи од 2021-ва година ќе бидат забранети во ЕУ:

 

– прибор за јадење за еднократна употреба

– пластични чинии за еднократна употреба

– пластични цевки

– стапчиња за уши изработени од пластика

– пластични стапчиња за затворање на балони

– оксоразградлива пластика и кутии за храна и чаши од експандиран полистирен

 

Научниците велат дека околу 150.000 тони пластика се фрлаат во европски води секој ден. Штетните ефекти на пластиката врз животот во морето се огромни бидејќи рибите, големите водни цицачи и останатиот животински свет кој живее и се храни во морињата, умираат поради загадувањето. Научниците веќе предупредија дека ако нешто не се направи, до 2050 година ќе има повеќе пластика од риби во океаните.

 

Според податоците на Европската комисија, повеќе од 80 проценти од морскиот отпад е пластика. Производите опфатени со овие нови закони сочинуваат 70% од сите предмети во морскиот отпад. Поради своето бавно разградување пластиката се собира во морињата, океаните и на плажите ширум светот.

 

“Денес преземавме важен чекор со кој ќе го намалиме загадувањето во нашите мориња и океани. Можеме тоа навистина да го направиме. Европа поставува нови стандарди, отворајќи го патот на целиот свет да се приклучи”, коментирал Франс Тимерманс.

 

Советот на министрите на ЕУ треба сега и официјално да го усвои овој закон, по што ќе уследи објава во Службениот весник на ЕУ, а потоа државите членки на ЕУ ќе имаат две години тој закон да го внесат во своето законодавство.

 

Европската Унија предвидува дека промените ќе ја чинат економијата од 259 до 695 милиони евра годишно. Од друга страна, новото законодавство ќе спречи штета по околината од 25 милијарди евра во наредните десет години.

 

До 2029 година, земјите од ЕУ мора да постигнат рециклирање на пластични шишиња од 90%.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи